Во руски ракетен напад врз Хaркив погодена станбена зграда, десетици повредени

Руски ракетен напад во центарот на Хarkив погодил станбена зграда, при што се повредени најмалку 25 лица. Спасувачките тимови се на терен и пребаруваат под урнатините.

Русија во ракетен напад погодила повеќекатница во украинскиот град Хaркив, при што се повредени најмалку 25 лица.

„Ракетните напади во центарот на Хaркивречиси целосно ја уништија петкатницата“, изјави гувернерот на регионот, Олег Синиегубов, за украинската телевизија. Според прелиминарните информации, зградата ја погодиле две балистички ракети.

Жестоки напади

„Спасувачките тимови се на терен. Првенствено ги расчистуваат урнатините и бараат луѓе заробени под нив“, додаде Синиегубов.

Тој истакна дека најмалку 25 лица се повредени, од кои 16 се хоспитализирани, вклучувајќи жена во критична состојба. Градоначалникот Игор Терехов зборува за 30 повредени.

Хaркив, вториот најголем украински град, се наоѓа само околу 30 километри од границата со Русија и беше една од главните цели на почетокот на руската инвазија. Градот е успешно одбранет од Украина, но и понатаму е честа цел на руски воздушни напади.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни