Борбениот авион Су-30 се урна за време на тренинг лет во Карелија, при што загина екипажот, соопшти руското Министерство за одбрана.
„Денес, околу 19:00 часот по московско време, авионот Су-30 се урна во Република Карелија за време на планиран тренинг лет. Авионот се урна во ненаселена област. Летот беше извршен без муниција“, се вели во соопштението, кое го пренесува РИА Новости.
РИА Новости пишува дека службите за итни случаи се испратени на местото на несреќата.
„Службите за итни случаи се испратени на местото на несреќата во Прионежскиот округ во Карелија“, објави гувернерот Артур Парфенчиков на Телеграм, како што напиша РИА Новости и додаде:
„Добив информации за падот на воен авион во Прионежскиот округ. Ги испратив службите за итни случаи на Карелија на местото на сомнителната несреќа.“
Во авионот имало две лица.
