Во рудник во Боцвана ископан вториот најголем дијамант во историјата

Фото: Lucara Diamond

Канадската фирма Lucara Diamond Corp пронашла дијамант од 2492 карати во својот рудник Карове во Боцвана, што е еден од најголемите дијаманти некогаш ископан, соопшти фирмата.

Тие не го откриваат квалитетот на скапоцениот камен, но неговата големина го прави вториот најголем необработен дијамант досега откриен, по дијаманотот Кулинан од 3106 карати, пронајден во Јужна Африка во 1905 година. По брусењето и полирањето, тој дијамант станал дел од британските крунски камења.

Рудникот Карове е познат по производството на големи камења, бидејќи досега од таму веќе се ископани дијамантите Sewelô од 1758 карати и Lesedi La Rona од 1109 карати.

Боцвана е најголем произведувач на дијаманти во светот по нивната вредност. Оваа јужноафриканска држава минатиот месец предложи закон според кој од рударските компании ќе бара, откако ќе добијат лиценца, да продадат 24 отсто од уделот во рудниците на локалните инвеститори, освен ако владата не ја искористи својата можност да добие дел од уделот на рудникот.

Извор: ХРТ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни