Во Public Room (Јавна Соба), денеска со почеток од 10 до 18 часот, Слоу Фуд Водно со поддршка од Слоу Фуд Македонија, по четврти пат го организира Фестивалот на биодиверзитетот – празник на автентичноста, локалното производство, здрави корења и полни софри.
Од таму вела дека со тивкото доаѓање на есента, природата го раѓа своето најголемо богатство – зрелите плодови, мирисите од градините и вкусовите што не враќаат дома.

„Време е да му се порадуваме на раскошниот биодиверзитет. Ова ќе биде ден кога храната ќе раскажува приказни за зачувани сорти, за вредните раце што нежно ги негуваат, и за трпези кои се полнат со добра, чиста и правична храна.“, велат организаторите.
Во фокусот на настанот ќе биде планинскиот чај, чиешто мирисно и лековито богатство ќе го открие Самет Абдули од Ростуше, Маврово – чувар на традицијата и раскажувач на билкарските тајни на планината.
Ќе биде организирана и мала работилница, општествена градина, „Бостание“ која учесниците ќе ги воведе во светот на семенските топки – мал, но моќен начин за враќање на природата во нашите животи.
За најмладите посетители, точно напладне, магијата ќе оживее преку Кристијан, магионичарот, кој со својот едукативен настап ќе покаже дека и храната може да биде вистинска магија.
Артисан пекара Пан Пан ќе одржи работилница за кисело тесто, каде љубителите на оној убав, миризлив леб ќе имаат можност да научат како да создадат свој, “жив леб”, кој расте полека, но има душа.

На фестивалот ќе земат учество над 25 производители од цела Македонија, носејќи со себе вкусови, мириси и приказни од различни краеви на земјата.А покрај храната, ќе има и музика– зад диџеј пултот ќе биде диџеј Соул Кејс.
Организаторите најавуват дека прозиводите ќе можете да се вкусат и да се купат за да бидат подржани малите производители.