Во Прилеп почнаа чествувањата за 11 октомври

Прилеп уште синоќа ги започна чествувањата за 11 Октомври, Денот на народното востание и 83-годишнината од почетокот на антифашистичката борба. Со импровизиран напад на градот и спектакуларен огномет, илјадници граѓани се собраа на плоштадот Александрија, уживајќи во богатата програма на камената бина. Многумина го посетија и меморијалниот музеј „11 Октомври“, симболот на почетокот на востанието од 1941 година.

Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот Борче Јовчески истакна дека овој ден е славење на македонската историја и хероите кои го донесоа ослободувањето, но и повик за продолжување на борбата за македонскиот идентитет.

Утре, на самиот празник, делегации ќе положат цвеќе пред спомениците на Методија Андонов Ченто и Кузман Јосифоски Питу, како и пред Могилата на непобедените и Алејата на народните херои.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни