Синоќа на подрачјето на Приједор беше прогласена вонредна одбрана од поплави, а најтешка е состојбата во населбите Гомјеница и Тукови. Многу куќи се под вода, а нивото на реката Сана во вечерните часови достигна 504 сантиметри.
Вчера Приједор го посети премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, кој најави помош за градот, како и за останатите поплавени подрачја во РС.