Во пресрет на зимските слави и прослави, се зголемува ризикот на мозочен удар кај луѓето

Невролозите предупредуваат дека во периодот кој следи, пред и по новогодишните празници и прослави се зголемува бројот на пациентите кои добиле мозочен урад. Луѓето се опуштаат и внесуваат многу поголемо количество на лоша храна,  алкохол и но и го зголемуваат бројот на цигари а го нарушуваат и циклусот на спиење. Сето тоа се фактори на ризик кои можат да доведат до мозочен удар.

И промената на времето  ги влошува проблемите на кардиолошките пациенти, па во ординациите има се повеќе пациенти со срцеви проблеми. 

Во зимските месеци има повеќе пациенти и тоа најчесто со типични симптоми на мозочен удар. Профилот на пациентите е многу поразличен од изминатите години, па така сега има многу помлади од 45 години кои доживеале многу тешки мозочни удари. 

Помладите пациенти обично не знаат дека имаат некоја од болестите кои се фактори на ризик, а тоа се најчесто хипертензија, дијабетес, покачени масти во крвта.

Затоа докторите препорачуваат да се следат предупедувачите знаци. На пример, симптоми кои не смеат да се игнорираат се слабост или губење на едната половина од телото, искривување на едната страна од лицето и проблеми со говорот. Тие не можат да отсуствуваат, но можат да варираат, да флуктуираат, да исчезнат и потоа повторно да се вратат.  Проблеми со говорот,  несмасност на рацете, нозете, нестабилно одење, вртоглавица, многу силна главоболка.

 За да може професионално да му се помогне на пациентот со мозочен удар од големо значење е времето на интервенција.  Тоа се движи некаде околу 4,5 часа до 24 часа и тоа во институциите кои применуваат напредни техники. 

Распространети се и поретки типови на мозочен удар, како руптура на ѕидовите на крвните садови, артериите, што е почеста кај младите. Тоа се болести кои можат да бидат предизвикани од повреда во сообраќајна незгода, нагли движења на вратот, па дури и при вежбање. 

Симптомите на мозочен удар се исти кај помладите и постарите луѓе. Клиничката слика се карактеризира со неуспех на функцијата на еден дел од мозокот, кој е, на пример, одговорен за движење на еден дел од телото или за говор. 

Здравите луѓе треба да бидат умерени, да се хранат здраво, да избегнуваат алкохол и пушење, а оние кои веќе имаат дијагноза треба редовно да земаат терапија и да ја проверуваат својата здравствена состојба, како и да ги контролираат ризик факторите со редовна посета на лекар.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни