Поранешниот австралиски детски актер Рори Калум Сајкс (32) погина во пожарите кои го зафатија Лос Анџелес. Според пишувањата на британскиот портал The Sun, Рори останал заробен во куќата кога пожарот ја зафатил и која изгорела до темели.
Актерот боледувал од церебрална парализа и во куќата бил со својата мајка кога во вторникот избувнал пожар на Палисадес.
Мајката на актерот, Шели Сајкс, рекла дека е „целосно скршена” и веста за загубата на синот ја објавила на социјалните мрежи.
Прекрасен син, роден на денот на мојот роденден и роденденот на неговата баба. Беше вистински хуманитарец – напишала Шели на Икс.