Во пожарот „Итон“ што беснее во Лос Анџелес загинаа најмалку две лица, а повеќемина се повредени, изјави шефот на противпожарната служба на округот Лос Анџелес, пренесува Си-ен-ен.
Таму, во моментов во тек е евакуација на над 32 илјади жители.
Од пожари се зафатени неколку населени места во Лос Анџелес, како елитното Палисајдс, каде 150 илјади објекти се под ризик да изгорат.
Сè започнало вчера околу 10 часот по локално време, кога поради брзите ветрови пожарот се проширил во дворот на станбена зграда во Палисадес. Повеќе од 1 400 пожарникари се ангажирани да се борат со пожарот.
Сепак, пожарот досега не е ставен под контрола, а властите велат дека нема начин како да се стори тоа.
Најновите информации од противпожарната служба во Лос Анџелес, според Си-ен-ен велат дека ситуацијата и понатаму е многу опасна, како и дека и брзината на ветерот се зголемува.
Како резултат на пожарите, гувернерот Гавин Њусам прогласи вонредна состојба во Калифорнија.
Болничките служби се под огромен притисок зашто постојано интервенираат кај лица што имаат пречки во дишењето од смогот.
Областа Пацифик Палисајдс се наоѓа меѓи крајбрежните градови Санта Моника и Малибу. Таму живеат и имаат имоти голем број на филмски, телевизиски и музички ѕвезди.
Пожарот го изгоре кањонот Темескал, популарна област за пешачење опкружена со густи населби со мултимилионски домови.
Поголемиот дел од градот е прекриен од огромни облаци на чад.
Градските власти соопштија дека во пожарот изгореа најмалку 510 хектари од областа Пацифик Палисадес, меѓу Санта Моника и Малибу.