Во поплавите во Индонезија загинаа повеќе од 900 луѓе – стотици села отсечени, расте ризикот од болести

Повеќе од 900 загинати и речиси милион раселени по катастрофалните поплави и лизгања на земјиштето на Суматрa

Индонезија се соочува со последиците од големи лизгања на земјиштето и бујични поплави предизвикани од циклон на островот Суматра минатата недела, додека бројот на загинати денес ја надмина бројката од 900.

Оштетени се големи површини обработливо земјиште, брани и станбени куќи, кои ќе мора повторно да се изградат, изјави претседателот Прабово Субијанто за време на посетата на Ачех – една од трите провинции погодени од катастрофата.

Раководителот на Националната агенција за управување со катастрофи (BNBPB), Сухарјанто, соопшти дека бројот на загинати се искачил на 921, додека 392 лица се водат како исчезнати, а 975.000 се раселени. Од погодените провинции – Ачех, Северна и Западна Суматра – најтешко погоден е Ачех, каде што загинале 366 лица, додаде Сухарјанто.

Националната влада се уште не сака да прогласи национална катастрофа

Стотици села и две погодени области во Ачех и понатаму се отсечени бидејќи патиштата се тешко оштетени. BNBP објави дека ќе бидат потребни околу 51,82 билиони рупии (2,66 милијарди евра) за повторна изградба на оштетените куќи и јавни објекти во трите провинции.

Националната влада досега беше воздржана од прогласување национална катастрофа, а Прабово ги увери жителите дека администрацијата располага со доволно средства за покривање на трошоците за реконструкција.

Раселените жители се изложени на ризик од цревни заразни болести, респираторни инфекции и кожни заболувања, додека има недостиг од здравствени работници. „Ни требаат околу 600 лекари во следните најмалку три месеци за да бидат распоредени во изолираните и оддалечени области“, рече министерот за здравство Буди Гунади Садикин.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни