Во поплави во Мароко загинаа 21 лице

Најмалку 21 лице го загубиле животот во разорни поплави што ја погодија мароканската провинција Сафи, на атлантскиот брег на земјата, јавуваат француски медиуми, повикувајќи се на официјални извори.

Провинцијата Сафи, која се наоѓа на околу 300 километри јужно од главниот град Рабат, била погодена од обилни и интензивни врнежи од дожд кои за многу кратко време предизвикале нагло излевање на каллива вода и силни поројни бранови.

Според соопштението на мароканските власти, поплавени се најмалку 70 куќи и деловни објекти, однесени се десет возила, а оштетен е и дел од патната инфраструктура. Поради тоа, сообраќајот е во прекин на неколку патни правци во градот и околината.

Потрагата по можни исчезнати лица сè уште трае, додека надлежните служби работат на обезбедување на погодените подрачја и на пружање неопходна помош и поддршка за населението погодено од поплавите.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни