Во понеделник ќе се одржи комеморација за Филип Аврамчев

Аврамчев беше еден од луѓето кои овозможија Скопје и Македонија да држат тек со најсовремените културни и технолошки текови во светот

На 16.06 (понеделник) на платото пред МОБ со почеток од 20:30 часот ќе се одржи комеморација за прерано починатиот Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала, заслужен за извонредните изданија на Skopje Light Air District, како и еден од организаторите на меѓународната конференција за Вештачка интелигенција АI Tech Summit

„Филип беше срцето на многу од нашите идеи и настани. Со тивка упорност и јасна визија, знаеше како да создаде простор каде луѓето ќе се соберат, ќе се слушаат и ќе соработуваат.

Овој настан е начин да му се заблагодариме за времето што ни го подари, за енергијата што ја внесе и за сè што остави зад себе“ велат од Skopje Light Air District.

Филип Аврамчев е роден во Скопје, своето образование го стекнува во родниот град, во Оклахома, Атина и во Женева. Помеѓу кариерата во приватниот сектор, беше дел од тимот во 2013 година ви Општина Центар, потоа беше директор на ЈУ „Универзална сала“ – Скопје, за на крај, државниот повторно да го замени со бизнис секторот.

Аврамчев беше еден од луѓето кои овозможија Скопје и Македонија да држат тек со најсовремените културни и технолошки текови во светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни