Во петок e првиот метеорски дожд во новата 2025 година

Најдобро време за набљудување на метеорскиот дожд, без потреба од опрема, е рано наутро, пред разденување, кога Месечината е ниско на небото. Извори на светлина, како што е полна Месечина или вештачка светлина, можат да го оневозможат јасниот поглед на метеорите

Во петок, 3 јануари, на северната Земјина хемисфера ќе се постигне врвот на метеорскиот дожд Квадрантида, првиот кој ќе може да се набљудува во новата 2025 година, а ќе трае до 16 јануари.

Повеќето метеорски дождови носат име според созвездјата од кои потекнуваат, но Квадрантида е исклучок. Француски астроном го прогласил созвездието Квадранс Муралис во 1795 година, во близина на созвездието Голема Мечка, како извор на метеорскиот дожд, но во 1922 година Меѓународната астрономска унија одлучила дека тоа не е признато созвездие и го отстранила од списокот.

Затоа Квадрантидите, првиот метеорски дожд во годината, не потекнуваат од созвездието, туку од мала планета поврзана со комета која беше откриена од Кинезите пред 500 години во созвездиеот Волар, видливо од северната хемисфера на Земјата.

Овие метеори обично немаат долги опашки, но нивните глави можат да изгледаат како светли огнени топки. На врвот на дождот може да се забележат дури 120 метеори на час, според НАСА.

Квадрантидите потекнуваат од остатоци од мала планета 2003 EH1, а кога овие свемирски кршеви влегуваат во Земјината атмосфера, наидуваат на отпор на воздухот, се загреваат и согоруваат, оставајќи трагови на ноќното небо.

Најдобро време за набљудување на метеорскиот дожд, без потреба од опрема, е рано наутро, пред разденување, кога Месечината е ниско на небото. Извори на светлина, како што е полна Месечина или вештачка светлина, можат да го оневозможат јасниот поглед на метеорите.

Следниот метеорски дожд, Лиридите, ќе достигнат врв во средината на април.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни