Во Перу пронајдена фреска стара повеќе од 3000 години

Фреската е откриена во храм на археолошкото наоѓалиште Хуака Јоланда, околу 580 километри северно од главниот град Лима

Перуанските археолози објавија дека откриле предхиспанска ѕидна фреска на северот од земјата, стара повеќе од 3.000 години.

Фреската е откриена во храм на археолошкото наоѓалиште Хуака Јоланда, околу 580 километри северно од главниот град Лима.

„Тоа ги претставува уникатните карактеристики на перуанската археологија“, рече Ана Сесилија Маурисио, раководител на ископувањата и научник на Папскиот католички универзитет во Перу.

Пронајдената фреска со димензии 5×2 метри прикажува риби, ѕвезди, рибарски мрежи и растенија.

„Никогаш претходно не сме откриле иконографија или цртежи од ваков вид“, рече Маурисио, додавајќи дека „ова откритие ни го покажува историското и културното богатство на перуанскиот народ“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни