Во Парламентот на Финска пронајдено починато лице

Во утринските часови имаше еден смртен случај, а брза помош, пожарникари и полиција биле испратени на местото на настанот преку центарот за итни повици.

Починато лице утрово било пронајдено во зградата на парламентот на Финска.

Според информациите од финскиот весник „Илталехти“, пратеникот извршил самоубиство во зградата на парламентот. Идентитетот на починатиот пратеник е познат на редакцијата, но неговото име нема да биде објавено додека не се контактира семејството.

„Во утринските часови имаше еден смртен случај. Брза помош, пожарникари и полиција беа испратени на местото на настанот преку центарот за итни повици. Надлежните служби моментално ги спроведуваат своите процедури“, изјави за Илталехти шефот на парламентарната безбедност, Аро Тоивонен.

Кога телевизијата Yle го праша дали станува збор за самоубиство, Тоивонен не ја негираше информацијата.

Тој додаде дека не може да каже во кој дел од зградата на парламентот се случила смртта, ниту да потврди дали станува збор за пратеник или за вработен во парламентот. Тој нагласи дека во иднина полицијата ќе биде одговорна за обезбедување информации, додека парламентот само интерно ќе ги информира своите вработени за случајот.

„Ова е многу тажен и несреќен случај“, рече Тоивонен.

Кратко пред пладне, полицијата објави дека ги истражува околностите што довеле до смртта. Според сегашните информации, тие не се сомневаат на кривично дело, пренесува Индекс.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни