Шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, по средбата на украинскиот претседател со Виткоф, наведе дека безбедносните гаранции „мора да бидат силни и ефикасни – на воздух, море и копно, како и во киберпросторот“.
Во Париз денеска се одржува средба на лидерите на земјите членки на Коалицијата на подготвените, на која се разговара за безбедносни гаранции за Украина по завршување на војната, како и да се обезбеди долгорочна воена поддршка и континуирана посветеност на САД.
Макрон и Стармер инсистираат дека секоја европска сила за „гаранции“ во Украина мора да има поддршка од САД.

Стармер по средбата на Коалицијата на подготвените посочи „дека групата има непоколеблива посветеност на Украина, со поддршка на претседателот Трамп, и дека е јасно дека сега мора да се изврши дополнителен притисок врз (рускиот претседател Владимир) Путин за да се обезбеди крај на непријателствата“.
Додека премиерот на Чешка, Петр Фиала посочи дека сојузниците на Украина се согласни дека треба да продолжи помошта за Украина и опти се потребни силни безбедносни гаранции за одржлив мир.
– Треба да продолжиме со притисокот врз Русија за да создадеме услови за праведен и одржлив мир, наведе Фиала.