Во оваа земја, луѓето живеат 100 години, изгледаат млади и речиси никогаш не се разболуваат

Пред неколку децении, очекуваниот животен век во Јапонија беше 56 години. Значи, сè е во начинот на живот, затоа променете ги овие 4 навики и ќе живеете подолго

Просечниот животен век за жените во Јапонија е 87 години, а за мажите 81 година. И ако мислите дека тоа е генетска предиспозиција, грешите.

Исхрана

Морската храна и црвената риба се основна храна во исхраната на многу Јапонци.

Покрај тоа, повеќето од нивните оброци се состојат од ориз, алги, зеленчук и ферментирана соја. Генерално, тие консумираат многу кисела храна бидејќи е добра за варењето на храната. Тие ретко јадат пржена и брашнеста храна, како и тешки меса како говедско и свинско месо.

Шеќерот исто така не е на нивната листа на чести намирници, и најважно од сè, Јапонците не прејадуваат!

Движење и комуникација

Јапонците придаваат големо значење на комуникацијата и движењето. И не само младите, туку и стогодишниците.

Имено, честопати постарите луѓе се собираат, играат шах или едноставно разговараат за нешто. И не само тоа. Во Јапонија, на национално ниво, спортските минути се предвидени во средината на денот, така што дури и работохолиците можат да земат слободно време од работа за да направат неколку вежби, според „Убавина и здравје“.

Јапонците ретко користат лекови, а пред да препишат лекови, лекарот прво ќе советува да ги променат навиките на живот кон здрави и почесто да спроведуваат превентивни прегледи.

Дневни рутини

Рутината е важна и тие го знаат тоа, затоа обично заспиваат пред единаесет часот навечер и се будат во 5-6 часот наутро.

Ова им помага да уживаат во целиот ден, па затоа утрото го посветуваат на своите мисли, го користат денот за работа, а вечерта за своето омилено хоби.

Онсен и сенто

Јапонците ја користат водата многу штедливо, па затоа ретко кој од нив има када. Тие често користат топли извори – онсен.
Тие се наоѓаат во скоро секој регион, а повеќето онсени се дел од традиционалните јапонски гостилници. Пред да влезе во вода, секое лице мора да се измие одделно со сапун. Со оглед на темпото на современиот човек, можноста да се забави темпото на место како ова е огромен придонес за здравјето на човекот.

Покрај онсен, Јапонците често одат во јавни бањи или Сенто. Тука има поинаков редослед: Прво треба да се измиете под туш, а потоа да одите во парната бања или во базенот со топла вода. Се верува дека луѓето се прочистуваат и физички и духовно на такви места. Затоа, најдете време за релаксација и спа третмани.

Затоа, размислете за себе и за вашето здравје. Уживајте во малите нешта и моментите што ви носат задоволство. Среќата и здравјето се состојба на умот и сите заедно придонесуваат за квалитетен живот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни