Во организација на Нард Македонија денеска го одбележуваме Националниот ден на правата на животните

Македонија денеска за правпат ќе го одбележи „Национален ден на правата на животните – Македонија“. Граќанското движење Нард Македонија овој настан го организира на плоштадот „Македонија“, со почеток во 12 часот.

Граѓанско движење Нард Македонија, посочува дека настанот е посветен на кревање на свеста за страдањето на животните од човековата рака.

„По тој повод, на Плоштад ‘Македонија’ во Скопје, со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи настан кој ќе ги обедини граѓаните околу заедничката цел – градење похумано општество во кое секој живот има вредност! Настанот ќе се одвива во три дела: комеморација, едукација и прослава“, соопштуваат од NARD Македонија.

Од таму посочуваат дека во комеморативна смисла, ќе му оддадат почит на секое животно што настрадало од човечка рака – било тоа во кланици, лаборатории, циркуси, зоолошки градини или напуштено на улица.

Во однос на едукативниот дел, ќе се споделат информации за состојбата со животните во Македонија и во светот, ќе се зборува за специзмот и за начини на кои секој од нас може да придонесе кон промената – преку информирање, лични избори и активизам.

Од аспект на прослава, пак, движењето посочува дека ќе ги прослават животот, отпорот и солидарноста.

„Прославата ќе биде израз на љубовта кон сите живи суштества и на вербата во поинаков, поправеден свет. Ќе има дружење, разговор и веганска храна. Секој што се залага за ненасилство, сочувство и еднаквост е поканет да ни се приклучи. Сечиј живот е вреден!“, соопштува NARD Македонија.

Инаку, „Национален ден на правата на животните – Македонија“, е граѓанско движење кое цврсто верува во поврзаноста меѓу сите живи суштества, посветено на кревање на свеста за страдањето на животните од човековата рака, со цел, како што велат, создавање на еден поубав заеднички живот во мир и хармонија на Земјата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни