Како што информираат од Општина Чашка, прскањето ќе се изврши со широкопојасен инсектицид, кој е одобрен од Бирото за лекови, а ќе бидат опфатени населени места долж речните корита на реките Бабуна, Тополка, Мелничка, Изворчица и Војничка.
Авионскиот третман вклучува повеќе села, меѓу кои Чашка, Мелница, Лисиче, Голозинци, Еловец, Раковец, Отиштино, Бањица, Богомила, Согле, Теово, Оморани, Мартолци, Извор, Владиловци, Смиловци, Стари Град, Врановски Анови и Војница.

Од локалната самоуправа апелираат пчеларите навреме да ги затворат кошниците. Заштитните мерки треба да се почитуваат за време на прскањето и во период од најмалку три до четир часа потоа.
Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот ден, во истиот временски термин.