Минитерството за внатрешни работи информира дека за пожарот било пријавено во 11:22 часот, во СВР Охрид и езерската полиција.
-Повредени лица нема, а во гасењето на пожарот интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид и езерската полиција. Од преземените мерки е констатирано дека глисерот бил регистриран и бил во сопственост на З.Д.(64) од Тетово, соопшти МВР.

Поради предизвикани оштетувања на коритото, додава МВР, глисерот потонал на длабочина од околу три метри, а од пожарот се оштетени и два други соседни глисери.