Станува збор 17 дела изработени во текот на оваа година, во стара и заборавена техника на фрескосликарство.
Ангелина Спировска и Владо Муковски се академски ликовни уметници и конзерватори за ѕидно сликарство, кои повеќе од две децении активно дејствуваат во полето на уметноста и заштитата на културното наследство.
Како уметници и професионални конзерватори на ѕидно сликарство, Спировска и Муковски го користат своето професионално знаење и искуство за да создадат дела што не се само технички доследни на фреско-техниката, туку и естетскии концептуално предизвикувачки.

Изложбата на современи фреско слики насловена „Патот на фреската“ претставува современ визуелен дијалог со традицијата. Делата на Ангелина Спировска и Владо Муковски се изведени во автентичната фрескотехника, но носат мотиви и пораки кои говорат на јазикот на денешнината.
Инспирирани од духот на византиското сликарство, авторите го ослободуваат фреско -зразот од сакралната догма и го пренесуваат во едно ново, уметничко и современо значење. Преку нивните слики што изгледаат како парчиња од ѕид, тие создаваат слики работени на свеж малтер како сликарска подлога, и со нивниот ликовен израз и сликарска техника го поставуваат прашањето: што зборуваат овие ѕидови денес?
Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на РСМ.