Во НУБ „Климент Охридски“ одбележување на Светскиот ден на книгата и авторското право

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје денеска по повод Светскиот ден на книгата и авторското право го организира традиционалниот настан посветен на чествувањето на книгата, авторите и читателите, со подарување книги и рози во холот на Библиотеката.

За време на одбележувањето на Светскиот ден на книгата и авторското право ќе бидат прочитани светската порака од генералната директорка на УНЕСКО Одре Азуле и македонската порака што оваа година ја напиша поетесата, пијанистка и композиторка Ива Дамјановски, а извадоци од делата на легендарниот писател Мигел де Сервантес ќе читаат дел од дипломатскиот кор на земјава.

На одбележувањето ќе се обратат директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“, Рахметула Куќи и амбасадорот на Кралството Шпанија, Хосе Луис Лозано Гарсија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни