Во Њујорк живеат 66 милијардери и 384.500 милионери

Во Њујорк живеат 66 милијардери и 384.500 милионери

Њујорк е град со најмногу милионери во светот, а по него се Сан Франциско, Токио, Сингапур и Лос Анџелес.

Според анализата на британската консултантска фирма „Хенли и партнерс“, во Њујорк моментално живеат 384.500 милионери, во споредба со 349.500 претходната година. Од нив, има 818 се со имот од најмалку 100 милиони долари, а 66 се милијардери, објавува „Пословни.хр“.

Областа на Сан Франциско е на второ место со 342.400 милионери (претходната година 305.700). Таму живеат 756 супербогати поединци со најмалку 100 милиони долари и 82 милијардери.

Токио е на третото место со 292.300 милионери, вклучувајќи 262 со по најмалку 100 милиони долари и 18 милијардери.

Анализата покажува дека најголемиот број од милионерите живеат во Северна Америка и во Азија. Од Европа, во топ 10 „милионерски“ градови се само Лондон и Париз, Милано е на 11. место, Франкфурт на 19, а Цирих на 20 место.

Во 20 „најбогати“ градови во светот се и Хонг Конг, Сиднеј, Чикаго, Пекинг, Осака, Шангај, Торонто, Мелбурн, Хјустон и Дубаи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни