На 5 октомври (недела), од 08:00 часот, во главниот град ќе се одржи „Скопскиот маратон 2025“, поради што ќе важи посебен режим на сообраќај.
Трките се распоредени на неколку делници низ Скопје: петкилометарската стартува од улица „11 Октомври“ кај Зелен пазар и завршува на плоштад „Македонија“, додека маратонот, полумаратонот и штафетната трка ќе се одвиваат по поширока траса што ги опфаќа улиците „Димитрие Чуповски“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“, булеварите „Јане Сандански“, „Крушевска Република“, „3-та Македонска Бригада“ и други.
Поради затворањето на дел од улиците, сообраќајот ќе биде пренасочуван по алтернативни правци. Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да ги почитуваат упатствата на полицијата за време на одржувањето на манифестацијата.
Извор: Nezavisen