Во напад во Газа убиени 42 лица, 22 чекале храна

Израелски напади во Газа усмртија 42 лица, од кои 22 додека чекале хуманитарна помош. Половина милион луѓе се на работ на глад, јавува ОН.

Во израелски напади изведени од раните утрински часови, убиени се најмалку 42 Палестинци, од кои 22 лица додека чекале хуманитарна помош, јавува денес Ал Џазира, повикувајќи се на информации од локалните болници во Појасот Газа.

Според Светската програма за храна (WFP), и покрај обидите на нејзините тимови да достават помош, моменталните резерви опфаќаат само 47% од потребите.

Околу 500.000 луѓе се на раб на глад, според податоците на ОН, и само прекин на огнот би овозможил доволна достава на храна.

Израелската армија соопшти дека авиони од Јордан, ОАЕ, Германија, Белгија, Франција, Италија, Холандија, Данска и Индонезија испратиле вкупно 161 пакет хуманитарна помош во Газа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни