Во моментов се ретроградни пет планети, еве што значи тоа за секој знак

Астролозите веруваат дека оваа ситуација влијае на секој хороскопски знак, проверете на што треба најмногу да внимавате.

Веројатно сте слушнале за ретрограден Меркур – и сте го почувствувале на своја кожа. Ако деновиве ништо не ви оди, не грижете се премногу, бидејќи има добра причина за тоа.

Периодот од годината кога Меркур е ретрограден обично се поврзува со лоши животни одлуки, драми на работното место, проблеми во врската или појава на поранешни партнери, доцнење на летот, тривијални повреди и други тешкотии.

Сепак, дури пет планети моментално се ретроградни! Освен Меркур, во друга насока се вртат Сатурн, Уран, Нептун и Плутон.

Овен

Пазете се од импулсивни одлуки во кариерата и врските. Меркур може да внесе конфузија во комуникацијата, додека Уран може да предизвика ненадејни промени кои поттикнуваат избрзани реакции. Бидете трпеливи и избегнувајте ненадејни потези. Обидете се да ја следите старата поговорка: Прво скокни, па кажи оп!

Бик

Избегнувајте многу трошење и не бидете тврдоглави. Ретроградниот Уран може да донесе нестабилност во областа на финансиите, додека Сатурн ве принудува да ги преиспитате вашите долгорочни планови. Бидете внимателни со парите и обидете се да ги слушате туѓите совети.

Близнаци

Внимавајте на пречките во комуникацијата и планирањето. Меркур, вашиот владетел, ретроградно предизвикува конфузија, недоразбирања и технички тешкотии. Не брзајте со важни одлуки или договори. Се ќе успее, понекогаш работите мора да одат по свое темпо.

Рак

Одржувајте емоционална стабилност и приватност. Ретроградниот Плутон може да извади стари емоционални рани на површина, додека Сатурн ве поттикнува да ги преиспитате блиските односи. Работете на внатрешната сила, но избегнувајте да носите драстични одлуки во врските. Слушајте се себеси.

Лав

Избегнувајте конфликти на работа и во општествените кругови. Ретроградниот Уран и Сатурн можат да донесат тензија на работното место и во пријателствата. Бидете внимателни во изразувањето на вашите амбиции и желби. Запомнете дека успехот не е успех ако некого изневерувате.

Девица

Пазете се од недоразбирања. Меркур директно влијае на вас и носи тешкотии во секојдневните обврски и рутини. Проверете сè и бидете внимателни во меѓучовечките односи. Добро е да бидете искрени, но треба да им ги објасните вашите мотиви на другите за да не ве разберат погрешно.

Вага

Немојте да сте несигурни во љубовните и семејните односи. Ретроградниот Сатурн може да ве натера да ги доведете во прашање вашите основи во врските, додека Нептун внесува конфузија во емотивните работи. Бидете јасни во комуникацијата и не бегајте од вистинските прашања. Ако бракот е на хоризонтот, погрижете се навистина да го сакате.

Шкорпија

Внимавајте на внатрешни конфликти и самоконтрола. Ретроградниот Плутон, вашиот владетел, ве враќа на подлабоки, нерешени прашања од минатото. Емоционалната контрола и интроспективната работа ќе бидат клучни за да не влегувате во премногу интензивни ситуации.

Стрелец

Пазете се од нереални очекувања. Ретроградниот Нептун може да ја замати вашата перцепција, особено во однос на семејните односи. Иако треба да негувате авантуристички дух, не заборавајте каде се вашите корени. Пазете се од прекумерно трошење.

Јарец

Внимавајте на стагнација во кариерата и личните цели. Ретроградниот Сатурн и Плутон можат да ве соочат со предизвици на работа, создавајќи чувство на стагнација или преиспитување на целите. Не донесувајте избрзани одлуки и да ја напуштите работата, бидејќи може да зажалите. Трпението и приспособливоста ќе ви помогнат да ги поминете тие фази.

Водолија

Избегнувајте конфликти со авторитетите и преиспитување на себеси. Ретроградниот Уран и Сатурн може да донесат чувство на незадоволство, особено во однос на слободата и личните цели. Внимавајте да не започнете непотребни конфликти со претпоставените или партнерите.

Риба

Внимавајте да не бидете измамени. Ретроградниот Нептун, вашиот владетел, може да внесе конфузија во вашиот секојдневен живот, особено во врските. Пазете се од илузии и не заборавајте да ги изразите јасно своите чувства. Не бидете лековерни, бидејќи може да се изгорите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни