Фабрика за стиропор во Кочани денеска беше зафатена од голем пожар.
Екипите на противпожарната бригада интервенирале и со потешкотии го изгаснале пожарот.
Но набрзо потоа, нов пожар се јави во Кочани. На периферијата на градот во моментов беснее шумски пожар во борова шума кој зафати повеќе и куќи и плевни во периферијата на градот, пишуваат граѓани на социјалните мрежи
Во моментов, ТППЕ Кочани и ДПД Кочани со сите сили и возила се борат да го спречат да не навлезе во други куќи и да не се прошири.
Пред само два дена исто во Кочани на автоплац беа запалени автобуси и минибуси, па последниот пожар е дури трет во рок од 48 часа.
Пред неколку месеци Кочани го снајде најголемата трагедија, каде во пожар во „дискотека“ загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени, од кои неколку се уште се хоспитализирани во болница.