Во Молдавија се уапсени 74 луѓе обвинети дека планирале масовни нереди во земјата, додека прозападната претседателка Маја Санду ја обвини Русија дека се обидува да влијае врз претстојните парламентарни избори.
Полицијата кажа дека осомничените биле приведени по повеќе од 250 претреси низ земјата. Јавниот обвинител на Молдавија Виктор Фуртуна кажа дека уапсените се на возраст од 19 до 45 години и дека најголемиот дел од нив биле обучувани во Србија.
Директорот на Службата за безбедност и разузнавање СИС, Александру Мустеата, рече дека саботажната операција била надгледувана од Андреј Павлов, руски разузнавачки агент кој наводно ги координирал напорите за дестабилизација со помош на протераниот прокремљски олигарх Илан Шор. Павлов е поврзан со слични кампањи за влијание во Европа, Азија и Африка, рече Мустеата.
За време на истрагата, која вклучуваше повеќе од 200 претреси на 22 септември, властите запленија оружје, муниција, шатори, пасоши и други докази.
Доколку бидат осудени, осомничените се соочуваат со затворски казни од четири до осум години.