Кој може да аплицира:
Ги покануваме уметниците, едукаторите и креативните професионалци со искуство и страст за работа со деца на возраст од 5 до 12 години да ни испратат свои предлози.
Без разлика дали сте специјализирани за визуелни уметности, изведувачки уметности, музика, ракотворби, шах, литература или нови медиуми, ги очекуваме вашите идеи за работилници!
Цели на работилниците:
Работилниците треба да:
∙Поттикнуваат креативност и самостојно изразување.
∙Обезбедат практично учење.
∙Охрабруваат соработка и тимска работа.
∙Негуваат љубов кон уметноста и креативното размислување.
∙Бидат прилагодени на различни способности и интереси.
Формат на работилницата:
∙Времетраење: Работилниците можат да се изведуваат еднаш или два пати седмично
∙Возрасни групи: Работилниците треба да бидат прилагодени за деца на возраст од 5-7, 8-10 и 10-12 години.
∙Големина на група: До 15 учесници по работилница.
∙Локација: Детски Креативен Центар при МКЦ (работилниците ќе се изведуваат со физичко присуство).
Како да аплицирате:
Заинтересираните лица треба да поднесат:
1.Наслов и опис на работилницата (200-300 зборови).
2.Возрасна група на која е наменета работилницата.
3.Потребни материјали и ресурси.
4.Времетраење и фреквенција (еднаш или два пати неделно)
5.Кратка биографија на реализаторот на работилницата, со истакнато релевантно искуство и квалификации.
6.Портфолио или примери од претходна работа (доколку е применливо).
Краен рок за поднесување:
Сите предлози треба да се поднесат најдоцна до 15.10.2024 на sonja@mkc.mk
Процес на селекција:
Поднесените предлози ќе бидат разгледани од тимот на Детскиот креативен центар во МКЦ. Избраните кандидати ќе бидат контактирани за интервју и понатамошен разговор. Ова е одлична можност да ги инспирирате младите умови и да придонесете за жива креативна заедница. Ако имате страст за едукација, иновации и уметност, со задоволство ќе ги разгледаме вашите предлози, се вели во објавата од МКЦ.