Во микробрановите печки живеат бактерии кои се отпорни на зрачењето

Ново истражување на тимот од „Дарвин Биопроспектинг Екселенс СЛ“ од Шпанија, објавено во магазинот „Frontiers in Microbiology“ открива дека постојат издржливи микроби кои може да се прилагодат на екстремни услови и да опстат во микробранови печки.

Во студијата тимот идентификувал 747 различни групи на бактерии во микробрановите печки кои се наоѓаат во домовите, канцелариите и лабораториите.

Микробите анализирани како дел од студијата делат сличности со микробите пронајдени на соларните панели, покажувајќи како бактериите може да станат доволно отпорни за да преживеат во екстремни услови.

Некои видови на бактерии кои се наоѓаат во домашните микробранови печки може да претставуваат и ризик по човековото здравје.

Сепак, истражувачите истакнуваат дека микробната популација која се наоѓа во микробрановите печки не е единствен или поголем ризик од другите кујнски површини.

„И за широката јавност и за вработените во лабораториите препорачуваме редовна дезинфекција на микробрановите печки. Освен тоа, важно е внатрешноста да се пребришува со влажна крпа по секоја употреба, за да се отстранат сите остатоци и да се спречи раст на бактериите“ вели Данијел Торент, еден од авторите на студијата.

Извор: Н1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни