Најнови информации за последиците од разорниот земјотрес во Мијанмар:
- Од урнатините на облакодерот во Мандалај спасени 29 лица.
- Во Мијанмар најмалку 1700 загинати, 300 исчезнати.
- Нов земјотрес со јачина од 5.1 по Рихтер во близина на Мандалај.
- Мијанмар се соочува со опасност од монсун, илјадници лица веќе раселени.
- Воената хунта продолжува со воздушни напади во Мијанмар.
- Бројот на загинати во Тајланд порасна на 17, а 83 лица се водат како исчезнати.
- Военото крило на опозицијата во Мијанмар најави двонеделен прекин на борбите.
Развој на настаните:
- Спасувачките екипи продолжуваат да работат на местото на урнатиот облакодер во Мандалај, близу епицентарот на земјотресот. Локалната противпожарна служба информираше дека 29 лица биле спасени од урнатините.
- Властите потврдија дека се пронајдени девет тела. Вчера 30-годишна жена беше извлечена жива после што била затрупана 30 часа.
- Комплексот Sky Villa е познат станбен проект со 11 ката, составен од четири згради, а три од нив се урнале при земјотресот. Претставник на Црвениот крст изјави дека повеќе од 90 луѓе можеби се уште затрупани во зградите.
Поголеми последици се очекуваат:
- Според лидерот на мијанмарската војска, во земјотресот загинале околу 1700 луѓе, а се проценува дека 3400 лица се повредени, додека за 300 се уште се трага.
- Бројот на загинати може да продолжи да расте.
- Земјотресот бил со јачина од 7.7 и беше еден од најсилните во Мијанмар во последниот век.
- Природната катастрофа се случи во време кога земјата веќе е погодена од граѓанска војна и хаос, предизвикани од воениот удар во 2021 година.
- Поради вооружените конфликти, над 3.5 милиони луѓе се раселени во земјата.