Во масакрот во Цетиње убиени две деца и четворица мажи, а има и ранети

Полициската управа соопшти дека се работи за изолиран настан, кој не е резултат на разбивање на високоризични организирани криминални груп

Неколку лица, меѓу кои и две деца, загинаа во крвава престрелка што се случи денеска попладне во кафана во центарот на Цетиње, кога убиец чиј идентитет и е познат на полицијата, убил четворица мажи, ранил уште двајца, а потоа побегнал од сцена. Според последните информации, во населбата Богданов крај, убил две деца и ранил една жена. Неофицијални информации велат дека се работи за А.М. од Цетиње.

Полицијата апелира до граѓаните на Цетиње да останат присебни и да останат во своите станбени објекти, додека сите расположливи полициски единици се на терен и преземаат активности од нивна надлежност за ставање на ситуацијата под контрола и кривично гонење на сторителите.

Полициската управа соопшти дека се работи за изолиран настан, кој не е резултат на разбивање на високоризични организирани криминални групи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни