Специјална гостинка на вечерта беше познатата македонска актерка Ивана Павлаковиќ, која прочита избор поезија од авторки од Македонија, како и од други земји учеснички.
Настанот го отвори Радмила Стојмировска – конзул во Амбасадата на Македонија во Тирана, со силна порака за значењето на културната дипломатија како моќен инструмент за претставување на културата и идентитетот на една земја.
Директорката на КИЦ Тирана, Ема Попивода – воедно и кураторка на изложбата – истакна дека овој значаен настан го поставува Центарот високо на пиедесталот на културните случувања во Тирана.
Меѓу присутните беа и бројни амбасадори и претставници на дипломатскиот кор.
Изложбата од слики, скулптури и фотографии ќе биде отворена до 31 мај.
Настанот е поддржан од Tikveš Winery – Винарија Тиквеш со селекција на македонски вина.