Во Лос Анџелес вечерва 98. доделување на Оскарите: „Sinners“ со рекордни 16 номинации

Во театарот Долби во Лос Анџелес вечерва се одржува 98. церемонија на доделување на Оскари. „Sinners“ на Раян Куглер предводи со рекордни 16 номинации, додека „One Battle After Another“ има 13 номинации.

Во театарот Долби во Лос Анџелес вечерва се одржува 98. церемонија на доделување на Оскари, наградата на Американската академија за филмски уметности и науки. Поради воената криза на Блискиот Исток, организаторите го засилија обезбедувањето околу театарот.

Рекордни номинации за „Sinners“

Филмот „Sinners“ на Рајн Куглер освои рекордни 16 номинации за престижната награда, надминувајќи ги претходните рекордери „Сè за Ева“, „Титаник“ и „La La Land“ со 14 номинации. Овој возбудлив вампирски филм за сегрегацијата во Америка во 1930-тите година беше еден од најголемите хитови на холивудските студија во 2025 година.

Мајкл Б. Џордан, кој ја игра улогата на близнаци, доби своја прва номинација за Оскар за најдобар актер.

Други фаворити

Филмот „One Battle After Another“ на Пол Томас Андерсон има 13 номинации, додека „Frankenstein“ на Гилјермо дел Торо и „Sentimental Value“ на данско-норвешкиот режисер Јоаким Трир добија по девет номинации. „Hamnet“ на Клое Жао е номиниран во осум категории.

Водител на церемонијата

Церемонијата повторно ја води хумористот Конан О’Брајен. 98. доделување на Оскари започнува по полноќ по европско време и ќе биде пренесувано во живо од американската телевизиска мрежа ABC.

Минатогодишниот добитник на Оскар за најдобар филм беше „Anora“ на Шон Бејкер, кој освои Оскар и за најдобра режија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни