Сообраќајните гужви ретко носат нешто добро, но јутјуберот Тосин Сокоја доживеал глетка што ќе ја памети засекогаш. Додека со своите пријатели стоел заглавен во сообраќајот во Лондон, низ прозорецот ја видел фудбалската легенда Дејвид Бекам. Тој средбата ја снимил и ја споделил на социјалните мрежи.
Неочекувана средба
Тосин Сокоја, јутјубер познат како @tosin_sokoya, возел со пријатели кога препознал поранешен фудбалер во автомобилот до него. Веднаш почнал да снима, а Бекам, слушајќи ја вревата, погледнал во нивна насока и се насмевнал.
На видеото, Тосин и неговите пријатели може да се слушнат како викаат во неверица: „Не!“, додека еден од нив извикува: „Не брат, нема шанси – сериозно?!“ Потоа Тосин се обиде да го убеди Бекам да го „турира“ моторот на неговиот автомобил, на тој учтиво одбил, шегувајќи се дека е „премногу стар за да турира било што“. Кратката средба траеше едвај триесет секунди, но Тосин го остави во шок.
„Лудо, што всушност се случи по ѓаволите?!“ ги праша своите пријатели.
@tosin_sokoya Omg 7!!@David Beckham #davidbeckham #fyp #footballtiktok
♬ original sound – Tosin
Во описот на објавата на Инстаграм, тој кратко напиша: „Голема 7!“, алудирајќи на бројот на дресот на Бекам од Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација.
Видеото брзо стана вирално и собра повеќе од 64.000 лајкови, со коментари што се излеваа: „Ова е брилијантно“, „Бекам е Лондончанец, вистински господин и може слободно да се движи во јавност… пристоен семеен човек“, „Тој е толку позитивен! Ми се допаѓа неговата реакција кога ги виде. Тој е толку скромен“.
