Во лето едноставно уживајте во краставиците, здрави се

Дали знаевте дека краставиците не само што се нискокалорична храна туку и изобилуваат со витамини и минерали? Тие потекнуваат од Индија и со векови се користат во традиционалната индиска медицина благодарение на нивните здравствени придобивки.

Еве зошто треба почесто да ги консумирате.

Поволни за хидратација на организмот
Водата опфаќа околу 96% од вкупниот состав на краставиците, така што доколку изедете една краставица ќе биде исто како да сте испиле голема чаша вода. Хидратацијата на организмот игра голема улога во регулирањето на неговите функции со оглед на тоа дека помага за елиминирање на отпадот, ја регулира температура и го штити мозокот. Освен тоа, краставиците содржат и калиум кој му помага на телото да го одржува балансот помеѓу електролитите и течностите.

Можат да ја подобрат работата на срцето
Со оглед на тоа дека имаат релативно низок состав на натриум и висок процент на калиум, краставиците се одличен избор доколку имате висок крвен притисок. Едно истражување во Индонезија спроведено врз 20 постари луѓе ја открило поврзаноста меѓу пиењето сок од краставица и намалувањето на притисокот што се должи на минералите присутни во овој зеленчук. Сепак, потребни се повеќе испитувања за да се испита докрај неговото влијание врз здравјето на срцето.

Дејствуваат поволно врз работата на дебелото црево
Покрај големото количество вода, краставиците содржат и растворливи влакна кои ја подобруваат функцијата на дебелото црево.

Го одржуваат здравјето на коските
Покрај горенаведените минерали, краставиците содржат и витамин К кој е особено важен за регулирање на протеинскиот состав на коските. Освен тоа, овој витамин помага и во регулирање на количината на калциумот во телото што е особено важно за здрави и силни коски.

Извор: greatist.com

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни