Во Куманово „Џез фестивал 2024“

Во занаетчискиот дом Куманово вечер во 20 часот по осми пат ќе се одржи „Џез фестивал Куманово 2024“, информираа денеска организаторите на фестивалот, „Институтот за наука, уметност култура и спорт“.

Кумановци вечер ќе имаат можност да ги проследат настапите на македонските бендови н „Такси Консилиум“ и „Максимовски јунајтед“.

Почнавме скромно 2017-та година, се надоградуваме и се обидуваме да ја промовираме џез културата во градот. Поддршка имаме само од општината, градоначалникот и советот кои го поддржа настанот. Очекуваме посетеноста да биде исто како и лани, кога беа исполнети сите места во Занаетчискиот дом, изјави Филип Стевановски, уметнички директор.

Организаторите ги поканија граѓаните да уживаат во звуците на џез музиката, додавајќи дека влезот е слободен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни