Тие едноставно полесно запаѓаат во негативна состојба, или поради превисоки очекувања, внатрешни превирања или хронично незадоволство. Според ѕвездите, ваквите намќорни луѓе најчесто се раѓаат во следните хороскопски знаци:
Шкорпија
Шкорпиите се потресуваат од се што им се случува, но ретко зборуваат за тоа. Нивната затвореност и сомничавост често ги оддалечува од другите, а потиснатите емоции може да се претворат во постојана напнатост. Кога се нерасположени, тешко дека нешто може да ги расположи, бидејќи ги држат своите чувства под контрола и подалеку од другите.
Јарец
Јарците се строги кон себе и кон другите, често оптоварени со одговорност и сопствени стандарди. Ако работите не одат според планот, тие лесно стануваат вознемирени или фрустрирани. Тешко се опуштаат, а радоста ја доживуваат како луксуз што не можат да си го дозволат додека сè не биде под нивна контрола.
Рак
Раковите се исклучително чувствителни и емотивно реагираат на ситници кои другите честопати не ги ни забележуваат. Кога се повредени или преоптоварени, тие се повлекуваат во себе и тешко се враќаат во позитивна состојба. Тие често се заробени во нивниот внатрешен свет, каде тагата знае да трае подолго отколку што треба.