Во кои европски земји жените добиваат најдобри здравствени услуги?

Во 12 земји на ЕУ, е намалено задоволството на жените од квалитетот на грижата, при што Грција пријавила најниска оценка од 32%

Според една нова студија, Австрија е рангирана на врвот во Европа во однос на женското здравје, односно на третото место според глобалниот индекс. Финска, Германија и Данска, исто така, се во првите 10 земји на листата.

Ова е четврта година како компанијата Hologic го објавува индексот за женско здравје, истражување спроведено меѓу 146.000 учесници од 142 земји и територии. Податоците биле прибирани во 2023 година и анализирани во 2024 година. Истражувањето ги зема предвид критериумите како што се превентивна нега, емоционално здравје, основни потреби и индивидуално здравје.


Здравјето на жените во Италија е рангирано пет поени пониско отколку во првата година од истражувањето, додека во Полска се зголеми за осум поени. Задоволството на жените од квалитетот на грижата е намалено во 12 земји од ЕУ, а најлоша оценка има Грција од 32%. Потоа следат Полска со 45%, и Летонија и Бугарија, двете со 49%.

На глобално ниво, повеќе од една четвртина од жените велат дека имаат здравствени проблеми кои ги спречуваат да ги извршуваат активностите што вообичаено ги прават луѓето на нивна возраст. Овие бројки се повисоки отколку што беа пред четири години и претставуваат до речиси една милијарда жени.

Во ЕУ, исто така, во седум земји, односно во Грција, Ирска, Италија, Литванија, Холандија, Полска и во Шпанија има зголемување на бројот на жени кои доживуваат физичка болка. Финска беше единствената земја-членка која забележа пад – сега има 24%, во споредба со 33% претходната година. Германија, Грција и Холандија забележаа зголемување на бројот на жени кои се соочуваат со здравствени проблеми. Жените во Кипар, Данска, Естонија и во Литванија исто така сметаат дека нивната област обезбедува висококвалитетна нега за време на бременоста.

Граѓанките на Европската Унија, во седум различни земји-членки пријавиле повисоки нивоа на стрес и загриженост. Поточно, жените во Австрија (39%), Грција (51%), Литванија (33%) и Шпанија (52%) изразиле чувство на поголема загриженост, додека жените во Бугарија, Малта и Холандија пријавиле повисоки нивоа на стрес. Спротивно на тоа, оние во Чешка, Финска, Франција и во Унгарија велат дека нивото на загриженост е намалено.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни