Во кои две земји се очекува највисока инфлација во 2025?

Според податоците на Euromonitor International Macro Model, највисоката инфлација оваа година се очекува во Аргентина, каде што ќе достигне 54%.

По неа следи Турција со инфлација од 31,5%, Иран со 27%, Нигерија со 25,2% и Египет со 17,1%.

Од друга страна, најниска инфлација во 2025 година се прогнозира во Швајцарија – само 0,8%, пренесува Mina biznis.

Аргентина минатата година беше рекордер по стапката на инфлација, која достигна неверојатни 300% на годишно ниво, што доведе до енормен раст на цените.

Последните прогнози за декември и јануари покажуваат дека оваа година инфлацијата би можела значително да се намали.

Еден од главните приоритети на аргентинската влада е стабилизирање на економијата и намалување на инфлацијата. Некои проценки сугерираат дека таа би можела да биде пониска од очекуваното, а се предвидува и економски раст од 4%.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни