Партнери во проектот се: Општина Св. Ана од Гвадалуп – Франција и невладината организација Men A Lespwa – Асоцијација за помош на реформската црква во Гвадалуп – Франција; Општина Пазарџик од Бугарија и НВО Фонд за превенција на криминалот ИГА од Бугарија, како и Општина Кочани и Здружението на Роми „Авена“ од Македонија.
Целта на проектот е дизајнирање и имплементирање на меѓудисциплинарна програма за пренасочување на адолесценти, информираат од Општина Кочани.