Семејствата на загинатите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по осми пат ќе излезат на протестен марш.
„Маршот за ангелите“ ќе започне во 16.05 часот во Паркот на револуцијата, а потоа ќе се движи по веќе утврдената рута односно преку трговскиот центар, Општинската зграда и зградата на полицијата, а ќе завшри пред зградата на Судот и Обвинителството.
Семејствата на настраданите ги повикаа и роднините на повредените да се приклучат на маршот со цел да се побара одговорност за трагедијата во која загинаа 62, а скоро 200 лица беа повредени.
Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ повторно најави организиран превоз до Кочани, а се поаѓа во 14.00 часот од пред салата „Јане Сандански“ во Аеродром.