Во која европска земја може најмногу да се заработи?

Зошто разликите се толку големи? Според експертите, разликите во трошоците за работа се определуваат пред се од продуктивноста и економската структура. Развиените економии можат да поднесат поголеми плати

Дали некогаш сте се прашувале колку се разликува цената на вработувањето работници низ Европа? Одговорот е – многу. Разликата помеѓу највисоките и најниските трошоци е поголема од пет пати, што укажува на сериозни регионални нееднаквости.

Според податоците на Евростат, во 2024 година, еден работен час во ЕУ чини просечно 33,5 евра, додека распонот се движи од 10,6 евра во Бугарија до 55,2 евра во Луксембург.

Највисоки трошоци за работа се забележани во северна и западна Европа. Петте северни земји, вклучувајќи Норвешка, Исланд и Данска, го надминуваат просекот на ЕУ. Овие три земји имаат трошок за работа поголем од 50 евра по час.

Заедно со нив, Белгија (48,2 €), Холандија (45,2 €), Австрија (44,5 €), Франција (43,7 €) и Германија (43,4 €) се наоѓаат меѓу најскапите.

Од другата страна, најниските трошоци за работа се во источна Европа – Бугарија (10,6 €), Романија (12,5 €) и Унгарија (14,1 €). Во јужна Европа, трошоците се умерени, но сепак значително пониски во споредба со северот: Италија (30,9 €), Шпанија (25,5 €), Португалија (18,2 €) и Грција (16,7 €).

Кога трошоците за работа ќе се пресметаат според стандарди на куповната моќ (PPS), разликите значително се намалуваат. Во тој случај, опсегот помеѓу најниските и највисоките вредности меѓу земјите на ЕУ опаѓа од повеќе од пет пати на нешто повеќе од два пати.

Така, еден работен час во PPS изнесува од 19,1 во Бугарија до 40,3 во Белгија, додека Норвешка останува на врвот со 40,7.

Трошокот на работата не подразбира само плати, туку и „неплатени“ компоненти како што се социјални придонеси и даноци поврзани со вработувањето. Учеството на овие неплатени трошоци значително варира: од само пет отсто во Бугарија и Литванија до 32 отсто во Франција и Шведска. Просекот за ЕУ е 25 проценти.

Овие разлики, како што истакнуваат стручњаците од ETUI и ILO, одразуваат разлики во моделите на социјална заштита. Земјите со универзални системи, како Франција и Шведска, имаат значително поголеми придонеси затоа што нудат подолги и подобро платени отсуства (родителски, боледување) и поширока осигуреност од невработеност.

Зошто разликите се толку големи? Според експертите, разликите во трошоците за работа се определуваат пред се од продуктивноста и економската структура. Развиените економии можат да поднесат поголеми плати. Институциите на пазарот на работа, синдикатите, колективните договори и минималните плати имаат силно влијание и трошоците за живот. Земјите со повисоки цени генерално имаат повисоки плати.

Во суштина, работата во Луксембург и Норвешка работодавците чини минимум пет пати повеќе отколку во Бугарија и Романија, но таа разлика станува значително помала кога ќе се земе предвид реалната куповна моќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни