Во Кинотека комеморација во чест на Илинденка Петрушева  

Илинденка Петрушева остави длабока трага во националната кинематографија со својата повеќедецениска посветена работа

На 19 септември (петок), со почеток во 13:00 часот, во киносалата на НУ Кинотека на Македонија ќе се одржи Комеморација во чест на Илинденка Петрушева (1944–2025) – филмски критичар, публицист, истражувач, долгогодишен раководител и советник во Кинотеката, основач и уредник на списанието „Кинопис”, и една од најзначајните личности во развојот на македонската филмска култура и историографија општо.

Илинденка Петрушева (4. Август, 1944  5. Септември, 2025), остави длабока трага во националната кинематографија со својата повеќедецениска посветена работа во истражувањето, проучувањето, прибирањето, архивирањето, презентацијата и популаризирањето на филмската уметност кај нас. Таа беше дел од самите почетоци на Кинотеката и со своите иницијативи ги постави темелите на филмскиот архив, конкретната кинотечна и архивска практика, филмската кинотечна програма, како и културната дејност од областа на филмот и визуелните уметности – темели и основи на кои што институцијата е создадена, востановена – и кои што Кинотеката ги развива и денес.

Комеморацијата ќе биде можност нејзините колеги, пријатели и почитувачи – како и културната јавност – да се потсетат и да го чествуваат нејзиното големо дело и неповторлив придонес кон македонската култура и филм.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни