Несреќата, која властите ја опишуваат како најтешка во Кина во повеќе од една деценија, се случила кога воз што вршел тестирање на опрема за детекција на земјотреси налетал на група работници на закривен дел од пругата на станицата Луојанг Таун.
Иако делот од пругата каде што се случил ударот е под истрага, железничката станица во провинцијата Јунан продолжила со вообичаено функционирање. Кинеските служби наведуваат дека сите околности се темелно испитуваат.
Кина располага со најголемата железничка мрежа во светот, долга над 160.000 километри, по која годишно патуваат милијарди патници. Иако системот е познат по својата ефикасност, во јавноста и понатаму силно одекнуваат потсетувањата на претходните трагедии.
11 Dead, 2 Injured as Train Collides With Workers in China #QNAhttps://t.co/2Iagf7xDHh pic.twitter.com/8iP2xBGBO9
— Qatar News Agency (@QNAEnglish) November 27, 2025
Во 2011 година, во провинцијата Жеџијанг, 40 лица загинаа, а околу 200 беа повредени во судир на возови. Во 2021 година, девет работници загинаа кога воз налета на екипа на дел од железничката пруга Ланџоу–Синџијанг во провинцијата Гансу.
Најновата несреќа повторно ја отвора темата за безбедноста на железничката инфраструктура и протоколите за заштита на работниците во Кина.
Извор:Index.hr
