Во Кина откриено нафтено поле со резерви поголеми од 100 милиони тони

Првични бушења донесоа дневна продукција од 413 барели сурова нафта и 68.000 кубни метри природен гас, се наведува во соопштението на компанијата CNOOC.

Кинеската нафтена компанија CNOOC соопшти дека е откриено големо нафтено поле во источниот дел на Јужнокинеското море со докажани резерви кои надминуваат 100 милиони тони.

Полето, идентификувано како Хуиџу 19-6, се наоѓа на околу 170 километри од градот Шенжен, според извештајот на агенцијата Синхуа.


Првични бушења донесоа дневна продукција од 413 барели сурова нафта и 68.000 кубни метри природен гас, се наведува во соопштението на компанијата CNOOC.

Извршниот директор на тој државен нафтен гигант Жу Синхуи го поздрави откритието, велејќи дека CNOOC откри нафтено поле од 100 милиони тони.

Јужнокинеското море е недоволно истражено поради територијални спорови, но поголемиот дел од познатите нафтени и гасни наоѓалишта се наоѓаат во кинеските области, според Американската управа за енергетски информации (EIA).

Пекинг смета дека има суверенитет над скоро целото Јужнокинеско море, додека Филипини, Малезија, Виетнам, Индонезија и Брунеј сметаат дека и тие имаат право на тоа подрачје.

Иако беше откриено ова нафтено поле, Кина останува најголем светски увозник на сурова нафта, произведувајќи околу 11,1 милиони барели дневно минатата година, според анализа на американската влада.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни