Мермерна статуа на жена, за која се верува дека е стара повеќе од 2.000 години, вчера беше пронајдена во контејнер за отпад во близина на Солун, соопшти е полицијата на овој град.
Граѓанин на Солун, кој ја пронајде статуата од 80 сантиметри во контејнерот за отпад, ја предал на локалните власти, кои контактирале со археолозите за да ја проценат нејзината важност, пренесува новинската агенција АП.
Полицијата соопштила дека експертите процениле дека статуата е стара околу 2.000 години, и дека предметот ќе биде предаден на локалната управа за антички артефакти на чување и истражување.
Мажот, кој е осомничен дека ја фрлил статуата во отпад, бил приведен, но по испитувањето бил пуштен без обвинение.