Во Камбоџа, стаорци успешно се користат за откривање мини

Африканските џиновски стаорци, кои достигнуваат должина до 45 сантиметри и тежина до 1,5 килограми, се користат во Камбоџа за откривање на нагазни мини. Тие имаат исклучително развиено чувство за мирис и можат да детектираат траги од ТНТ – експлозив што најчесто се користи во нагазни мини и други смртоносни направи, кои во изминатите децении усмртиле или осакатиле илјадници луѓе во земјата.

„Откако работам со овие стаорци, секогаш пронаоѓаме мини – никогаш не промашиле ниту една,“ вели една од работничките на организацијата APOPO, хуманитарна група која обучува стаорци и кучиња за откривање мини ширум светот.

Стаорците се омилени кај APOPO токму поради нивниот извонреден нос, но и поради тоа што, како и кучињата, лесно се дресираат. „Кучињата и стаорците се далеку поефикасни од другите животни – и може да се обучат за специфични мисии,“ вели еден од теренските надзорници на APOPO.

Камбоџа и денес се соочува со сериозно наследство од воените конфликти: според податоци од 2004 година, околу 4.500 квадратни километри се покриени со мини и неексплодирани направи – што значи дека се засегнати сите 25 провинции и речиси половина од вкупно 14.000 села.

До 2018 година, според податоците на Камбоџанската управа за деминирање (CMAA), останале уште 1.970 квадратни километри за расчистување.

Од 1992 година до денес, Камбоџа има отстрането повеќе од 1,1 милион нагазни мини, како и околу 2,9 милиони други експлозивни направи, покажува владиниот извештај од 2022 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни