Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 72 луѓе

Палестинската Цивилна одбрана соопшти дека во денешните израелски напади загинале 72 луѓе, од кои 21 човек биле убиени додека чекале хуманитарна помош.

– Шест лица се убиени додека чекаа помош во близина на Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, а 15 во коридорот Нецарим, централниот дел на Газа, каде илјадници луѓе секој ден доаѓаат надевајќи се дека ќе добијат храна, изјави портпаролот на Цивилната одбрана Махмуд Басал.

Тој додаде дека 51 човек загинале во девет израелски напади во градот Газа и во северниот дел на палестинската енклава. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни