Во Италија, секој ден се печат 8 милиони пици: Во просек од 100 мајстори за пица, само две се жени

Според резултатите, иако има силно присуство на жени во сопствеништвото (38,5 проценти) и во менаџментот (50,5 проценти), професијата пицајола (мајстор за пица) е речиси исклучок, со само два проценти жени вклучени во процесот на правење пица.

Секторот за пица во Италија има годишен обрт од околу 15 милијарди евра, вклучува повеќе од 50.000 пицерии и вработува околу 300.000 луѓе.

Ова го покажуваат резултатите од Социо-економската опсерваторија на неаполската пица во Рим, објавени по повод Светскиот ден на пицата, кој се слави на 17 јануари.

Податоците, како што објави ANSA, исто така укажуваат на изразени регионални разлики во цената на неаполската пица маргарита – просечната цена на национално ниво е 7,04 евра, додека во Неапол е 6,74 евра. На југот на Италија, просечната цена е 6,72 евра, во централните региони 7,46 евра, а на север 7,66 евра.

Анализата овозможи и пресметување на индексот на неаполската пица Маргарита (IPNM), кој го покажува процентното отстапување во однос на цената во Неапол. Индексот е 99,68 на југ, 110,63 во централна Италија и 113,70 на север од земјата.

Аналитичарите истакнуваат дека, и покрај рекордниот раст на цените на состојките, особено моцарелата и маслиновото масло, цената на пицата маргарита се зголемила само минимално во последната година, што го потврдува нејзиниот статус како „демократски“ производ достапен за широк спектар на потрошувачи.

Според истражувањето, 31,3 проценти од испитаниците виделе зголемување на цената помеѓу 0,01 и 0,50 евра, 22,9 проценти помеѓу 0,51 и 1 евро, додека зголемување од 1,01 на 1,50 евра е забележано кај 11,5 проценти. Во исто време, 14,6 проценти од анкетираните изјавиле дека нема зголемување на цената.

Извештајот, во еден дел, е посветен и на улогата на жените во индустријата за пица. Според резултатите, иако има силно присуство на жени во сопствеништвото (38,5 проценти) и во менаџментот (50,5 проценти), професијата пицајола (мајстор за пица) е речиси исклучок, со само два проценти жени вклучени во процесот на правење пица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни